За Гемиш
ГЕМИШ е алкохолен, ароматизиран пијалак на база на вино. Добро познатата комбинација на ГЕМИШ, сега за прв пат во Македонија е подостапна, идеално усовршена за вистинските уживатели на овој пијалак.
Традиционалниот, народен рецепт сега во амбалажа од 1L содржи: 50% суво трпезно црвено вино и 50% растителни екстракти од тропско овошје. За единствено уживање, соодносот на овие два пијалаци е создаден од високо квалификуваните технолози на реномираната компанија Кожувчанка од Кавадарци.
Веќе докажаната компанија Кожувчанка ДОО стои позади овој производ како гаранција на квалитет на Гемиш. Кожувчанка од Кавадарци е со 20 годишна традиција во производството на вода и сокови, а од неодамна и на пиво и вински производи. Кожувчанка ДОО секогаш се грижела за општеството, потрошувачите и квалитетот на своите производи. Така и овој производ ГЕМИШ, Кожувчанка го препорачува како единствен, но и по високи стандарди создаден.